Македонија

Општина Аеродром објави Јавен повик за граѓански организации – ReLOaD3

30.01.2026 11:20

Програмата има цел да го зајакне партнерството меѓу општината и граѓанските организации преку транспарентна поддршка и поголемо учество на граѓаните во креирањето јавни политики.

Општина Аеродром, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), објавува Јавен повик за поднесување предлог-проекти во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3).

Програмата има цел да го зајакне партнерството меѓу општината и граѓанските организации преку транспарентна поддршка и поголемо учество на граѓаните во креирањето јавни политики.

Приоритетни области за проекти: Заштита на животната средина и климатски промени; Социјална инклузија и поддршка на ранливи групи; Млади и младинско учество во заедницата; Креативни уметности и културен развој.

Повикот е отворен од 30.01.2026 до 27.02.2026. Ќе се одржат инфосесија, обука и менторска поддршка за сите заинтересирани организации.