Децата со атипичен развој на маргините, апел за законски измени
Билјана Стефановска, член на Здружение на деца и млади со посебни потреби и нивните родители, вели дека многу семејства се исправени пред бројни предизвици за поголеми права за третман на нивните деца.

Се множи бројот на деца со аутизам и со интелектуални попречености. Билјана Стефановска, член на Здружение на деца и млади со посебни потреби и нивните родители, вели дека многу семејства се исправени пред бројни предизвици за поголеми права за третман на нивните деца. Апелираат на законски измени.
Шведскиот доктор и научник Наги Момени, пред родители и лекарска фела презентираше негови научни сознанија и упатува на подобар третман на децата со аутизам.
Шведскиот доктор на биомедицински науки е иноватор на новиот крвен биомаркер и лек за аутистичен спектар на нарушувања кој го презентираше пред македонски лекари како и придобивките од него.
Ружица Ѓоршевска
