Казнети 10 лица– гореле отпад за да добијат бакар
Вкупно десет лица добија казни од 50 до 250 евра заради загадување на животната средина во Струмица. Тие гореле отпад за да добијат бакар кој понатаму се препродава. Во акциите струмичките инспектори заплениле и околу 50-тина килограми бакар добиен од горење кабли.

Вкупно десет лица се казнети во Струмица овие денови кои го загадувале воздухот со палење на отпад на отворено. Вака информираа општинските власти после координираната акција со струмичката полиција. Шестмина добија глоби заради прекршување на комуналниот ред додека четири лица како гореле отпад на отворено.
Во акциите како што вели градоначалникот Петар Јанков досега се запленети и околу 50 килограми бакар заради кој се гори секаков отпад во перифериите на градот од несовесни граѓани.
Општината соопшти дека во тек се и инспекциски надзори над фирми кои поседуваат Б интегрирани еколошки дозволи.
За да се лоцираат жариштата на аерозагадување општината распиша набавка на шест нови мерни станици за да има увид во реално време каков е воздух по одделни квартови во градот.
Ване Трајков
