Проекти

Над 2.600 апликации на годишните конкурси

01.02.2026 18:57

Над 2.600 апликации на годишните конкурси за проекти од културата. Министерот Љутков вели – интересот што го покажуваат уметниците и културните организации е јасна потврда дека нашата сцена е динамична, иновативна и подготвена за создавање.

На конкурсите за проекти од културата пристигнале 2.618 пријави. Зголемени се средствата во повеќе дејности, а најмногу во областите што носат културна вредност и значаен економски потенцијал.

Над 5 милијарди денари, е вкупниот буџет на Министерството за култура за 2026 година, што е за околу 520 милиони денари поголем од минатата година. Наменет е за проекти кои ќе ја збогатат културната понуда, ќе отворат простор за нови креативни изрази и ќе придонесат за меѓународна афирмација на Македонија.

Министерот Љутков, потврди дека Македонија и Албанија заеднички го испратиле извештајот за состојбата со Охридскиот регион до седиштето на УНЕСКО и дека се чекаат повратните препораки од организацијата на ОН, потенцирајќи дека проблемот со загрозеноста на статусот на Охрид е наследен и долгогодишен.

Александра Спировска