Временска прогноза

Променливо облачно, можни слаби врнежи од дожд и снег

02.02.2026 08:07

Во источните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаби врнежи од дожд и снег во крајните западни делови, каде ќе дува слаб ветер од променлив правец, а во источните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималните температури ќе се движат од -6 до 2 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат од 0 до 9 степени.

Во Скопје, претежно облачно со слаб ветер од променлив правец.