АМСМ

Патниот правец Удово-Валандово затворен за сообраќај, магла на планинските превои

02.02.2026 08:18

Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат. Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека.

Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на (Калковска Река) на коловозот, се воведува забрана за сообраќајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 с. Марвинци-Валандово.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.