„Пулс“

Ново рочиште за случајот во кочанската дискотека

02.02.2026 08:35

Продолжува со сведочења. На минатото судење, сведочеа преживеани од пожарот. Посочија на низа недоследности. Раскажаа што се случило кобната ноќ кога избил пожарот во дискотеката во којшто загинаа 63 лица.

Ново рочиште за случајот во кочанската дискотека во судницата во Идризово. Продолжува со сведочења. На минатото судење, сведочеа преживеани од пожарот. Посочија на низа недоследности. Раскажаа што се случило кобната ноќ кога избил пожарот во дискотеката во којшто загинаа 63 лица.

Иако немало ниту противпожарни апарати, редовно на концерти се употребувала разна пиротехника во објектот. Во петокот обвинителството поткрена обвинение и за деветмина полицајци, кои таа кобна вечер влегле во дискотеката „Пулс“, ја виделе пиротехниката на бина и не ја прекинале забавата.

Обвинение е покренато и против нивните началници. Одговорност утврдиле и кај други нивни колеги кои дозволиле клубот незаконски да профитира.