УХМР

Утрово најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Гевгелија

02.02.2026 09:13

Најниската утринска температура денеска е измерена на Попова Шапка, каде што живата во термометарот се спушти до – 7 степени...

Најниската утринска температура денеска е измерена на Попова Шапка, каде што живата во термометарот се спушти до – 7 степени. Под нулата беше и во Берово и Маврови Анови – 4, Крушево – 3 и Крива Паланка – 2. Во Скопје температурите се движеа околу нулата, додека најтопло утрово беше во Гевгелија со 3 степени.

Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани во Гевгелија – 26 литри на метар квадратен, потоа во Демир Капија 20 и Струмица и Маврови Анови по 17. Значителни количества дожд наврнаа и во Скопје, Кавадарци, Берово, Велес и Тетово.

Снежната покривка е највисока на Попова Шапка и изнесува 50 сантиметри, додека во Маврови Анови се измерени 14 сантиметри. Снег има и во Берово 5 и Ѓуриште 2 сантиметри.