Обилните дождови ги срушија старите куќи во Битола, потребни се законски измени
Викендов две коли во Битола беа уништени откако врз нив се сруши стара куќа во централното градско подрачје. Како кула од карти падна и куќа-споменик на културата заштитена со закон. Уште десетици вакви ја демнат безбедноста на минувачите. Институциите апелираат на законски измени и децентрализација за побрзо решавање на проблемите.

Јануарските обилни дождови како и негрижата на сопственици придонесоа куќи во централното подрачје на Битола да се срушат како кули од карти. Едната од нив е споменик на културата.
Уште десетици куќи заштитени со закон се осудени на пропаст. Се бара преземање на брзи мерки.
Алтипармаков, член на Комисијата за изготвување на новиот предлог закон за заштита на културни споменици со конкретен предлог за решение.
Поради повеќегодишните институционални лавиринти и оние коишто сакаат немаат можност навреме да си ги реставрираат куќите-симболи на градот. Претседателот на Советот апелира на децентрализација.
Старата градска архитектура на Битола претставува инспирација на бројни домашни и странски млади архитекти.
Ружица Ѓоршевска
