Македонија во најновите досиеја на Епстин
Македонски мозоци транспортирани и истражувани во американски лаборатории. Земјава се најде во најновите досиеја на Епстин. Размената не беше профит, туку научна соработка-уверува ексдиректорот на Судска медицина, Алексеј Дума.
„На Медицинскиот факултет имаше Етички комитет којшто даваше дозвола да се врши транспорт на мозоци за научни цели“, објаснува професорот Алексеј Дума, поранешен прв човек на Институтот за судска медицина. „Мораше сериозно образложение да се напише за ткивото да се прати.“
Професорот Дума вели дека и тогаш имало шпекулации дека се носеле мозоци за трансплантација и продажба на црн пазар, но мозок не може да се трансплантира.
Во тоа време во Македонија годишно се правеле околу 350 обдукции, од нив десетина пациенти биле со шизофренија или извршиле самоубиство. Што значи дека од онаа банка од 1.000 ткива, 10 проценти се ткива од кај нас, вели професор Дума.
Новинарката Менче Точи ја истражувала темата, но институциите биле затворени за каква било изјава.
Актуелниот директор на Судска медицина вели во институцијата нема договор за научна соработка во којашто се испраќаат ткива или органи.
Македонија се најде во документите што американското Министерство за правда ги објави јавно, а се однесуваат на починатиот милијардер осуден за трговија со бело робје, педофилија и силувања Џефри Епстин.
Наташа Јанчиќ Менковски
