СП во кошарка

Србија – Бразил и Шпанија – Франција “бркаат“ полуфинале

10.09.2014 17:26

Синоќа се комплетира првата полуфинална двојка на СП во кошарка, каде што силите ќе ги одмерат репрезентациите на САД и Литванија. Американците по релативно израмнетото прво полувреме во кое имаат 7 разлика против Словенија, експлодираа во второто во кое постигнаа 70 а примија само 34 поени, за вкупни 119 : 76. Шестмина кошаркари кај победничкиот состав остварија двоцифрени поени, а најефикасен беше Томсон со 20.

Синоќа се комплетира првата полуфинална двојка на СП во кошарка, каде што силите ќе ги одмерат репрезентациите на САД и Литванија. Американците по релативно израмнетото прво полувреме во кое имаат 7 разлика против Словенија, експлодираа во второто во кое постигнаа 70 а примија само 34 поени, за вкупни 119 : 76. Шестмина кошаркари кај победничкиот состав остварија двоцифрени поени, а најефикасен беше Томсон со 20. Претходно Литванија ја совлада Турција со 73 : 61 благодарение на одличната одбрана во целиот меч и на последната четвртина која ја добија со 9 поени разлика, за место во големата четворка. Вечерва ќе биде позната втората полуфинална двојка, по завршување на мечевите Србија – Бразил и Шпанија –Франција.