УКИМ

ФИНКИ ќе ги добие двата недовршени објекта на УКИМ

03.02.2026 10:57

Поради променетите стандарди и потреби, одлучено е и двата објекти да ги добие ФИНКИ, а за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, за кој првично беше наменет едниот објект, се планира изградба на нова зграда на постојната локација.

Двата објекти кои со години зјаат незавршени во кампусот на УКИМ ќе бидат изградени. Нема да добијат барокни фасади. Од МОН информираат дека на крајот на јануари завршил рокот за пријавување на тендерот за изработка на нови проекти за градба.

Поради променетите стандарди и потреби, одлучено е и двата објекти да ги добие ФИНКИ, а за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, за кој првично беше наменет едниот објект, се планира изградба на нова зграда на постојната локација.

Се очекува проектирањето да заврши наесен, а до крајот на годината да биде распишан тендерот за избор на изведувач.