Воведуваме ред во сите сфери на општеството
05.02.2026 17:55
Ова е година во која се воведува ред во сите сфери на општеството, протестот е демократско право, но уништувањето државен имот нема да помине неказнето – интервју со премиерот Христијан Мицкоски во дневникот на МТВ.
Протестот како израз на незадоволство е демократско право, но уништувањето државен имот нема да помине неказнето – вели премиерот Мицкоски во интервју за Македонската телевизија. Тој порачува – ова е година во која воведуваме ред во општеството.
Шефот на Владата во интервјуто зборува и за случајот со транспортот на мозоци за медицински истражувања во САД. Со премиерот Мицкоски разговара Стојан Трпчевски.
