Македонија

Даниел Кајмакоски киднапиран во Белград, јавуваат српските медиуми

08.02.2026 11:17

Според неофицијални информации, тој бил грабнат од неколку лица кои го ставиле во багажникот на автомобил и го однеле во градот Рума...

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски синоќа бил киднапиран во Белград, јавуваат српските медиуми. Според неофицијални информации, тој бил грабнат од неколку лица кои го ставиле во багажникот на автомобил и го однеле во градот Рума.

Киднаперите го врзале Кајмакоски и го возеле во автомобилот, но во меѓувреме биле застанати од сообраќајна полиција. Со возилото удриле во банкина, по што избегале од возилото. Сомнежите се дека го киднапирале мигранти кои престојувале одреден период во Белград.