Македонија

Мицкоски: Нема да се изненадам ако се запленат и до 100 тона марихуана

08.02.2026 15:43

Премиерот Мицкоски најави проверки во сите објекти за производство на медицински канабис – вели, нема да биде изненаден ако заплената стигне и до 100 тони. Заев негира вмешаност и најавува тужби, ВМРО-ДПМНЕ нема да се извинува за наводите.

Владата во вторник на седница ќе донесе одлука да се проверува работењето на сите фирми кои имаат лиценца за одгледување на медицински канабис, информираше премиерот Мицкоски, откако по налог на Обвинителството, МВР запленети 40 тони марихуана. Тој рече дека нема да биде изненаден ако проверките откријат и до 100 тони марихуана, произведена надвор од законот.

Мицкоски се надева дека истражителите ќе утврдат кој и зошто го сменил правилникот за одгледување на канабис што е во колизија со законот, но и што се случувало со остатоците од растенијата.

До правосилно завршување на процесот, запленетата дрога ќе се чува во посебни депоа, а потоа ќе се уништи, дециден шефот на Владата. Во меѓувреме, фабриките коишто легално произведуваат масло за извоз ќе продолжат да работат, согласно законот.

Анита Димитријевска – Велковска