Николоски најави конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец
Надлежните се обратиле до Обвинителството и судот за да побараат објектот да се конфискува во корист на државата, за да може да го користи Агенцијата за цивилно воздухопловство за тренинг на пилоти и други потреби...

Институциите ќе почнат постапка за конфискација на нелегално изграден објект на државно земјиште на спортскиот аеродром „Стенковец“, соопшти министерот за транспорт Николоски. Надлежните се обратиле до Обвинителството и судот за да побараат објектот да се конфискува во корист на државата, за да може да го користи Агенцијата за цивилно воздухопловство за тренинг на пилоти и други потреби.
„Ова е јасна порака дека нема да се толерира изградба на нелегални објекти“, рече Николоски.
Од аероклубот „Скопје“ рекоа дека се поднесени две кривични пријави против поранешниот управител, Дејан Саздовски за бесправна градба и за злоупотреба на службена должност. Оттаму велат, државата може и треба да го заплени објектот вреден милион евра, каде и ЕУ донирала 100 илјади евра.
