Протест на Независниот полициски синдикат
По заканите за тепање и убивање полицајци на собирите против проектот „Безбеден град“, Независниот синдикат излезе на протестен марш во Битола. Побара спроведување на законот без селективен пристап, како и зголемување на казните за омаловажување на државните органи и на полициски службеници.

Независниот синдикат на полицијата на денешниот мирен протест во Битола, испратија порака за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела, без селективен пристап.
Протестот следува по заканите од поединци на последните протести заради одземени возила, упатени кон полициски службеници, за кои Независниот синдикат на полицијата поднесе кривични пријави до битолското обвинителство, од кое бараат притвор и кривична постапка за двете лица. Од државата бараат промена на законот и враќање на казната од 1,000 евра за омаловажување на државни орган.
Протестот беше поддржан од повеќе синдикални организации ширум државава, кои посочија дека доколку овие девијантни појави, останат неказнети, во иднина би се повториле и на други работници, службени лица, здравствени работници, новинари.
Целта на овој протест е и враќање на достоинството на полицијата и спречување на слични појави во иднина, велат од НСП. Доколку Обвинителството не постапи по пријавите, најавуваат нови протести.
Александра Максимовска
