Собрание
Координаторите на пратеничките групи на редовна понеделничка средба со спикерот Гаши
09.02.2026 08:43
За во вторник е закажана пленарна седница и две собраниски комисии...

Координаторите на пратеничките групи на редовната понеделничка средба со спикерот Гаши, ќе решаваат дали утре ќе работат или пак ќе ги одложат активностите, откако Сојузот на синдикати на Македонија најави дека утре во 9 часот ќе ги блокира влезовите во парламентот. За во вторник е закажана пленарна седница и две собраниски комисии.
Поради немањето слух за повисок минималец, како што велат од ССМ, следуваат блокади на Стопанската комора, а на 17-ти и на Владата.
