Македонија

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината, епицентарот во Косово

09.02.2026 09:29

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово и околината со интензитет од III степени.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово, на околу 46 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.