Охрид

Втор ден без струја студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

10.02.2026 15:44

Втор ден без струја студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид. Студентите ноќта ја минаа на свеќи, без греење и топол оброк. Причина – долг за електрична енергија. Министерката Јаневска најавува решение.

Втор ден студентски дом „Никола Карев“ Охрид нема струја. Студентите среде зима без греење и без топол оброк. Ноќта ја минаа на свеќи. Причината се три неплатени сметки кон ЕВН, доомот должи 1.700. 000 денари.

Студентите велат немаат услови да учат.

„Вчера беше доста ладно, не може да се учи исто така и храна немаме. 0057 Палевме свеќи за да се стоплиме и да се видиме кај сме, ептен е темно“, вели Благојче Сугарески претседател на студентите во „Никола Карев“ Охрид.

„Нема греење, нема ни јадење и многу е ладно. Засрамота е“, вели студентка.

Директорот вели нема доволно приходи, двојно е, намален бројот на студенти, а партиципацијата е мала, само 3.895 денари за сместување и два оброци.

„Имаме мал број студенти. Партиципацијата што влегува на нашата сметка – и од Министерството за образование и наука и од студентите кои плаќаат – изнесува околу 730.000 денари.“ Со тие средства не можеме да исплатиме плати, режиски трошоци, храна и тековно одржување.“, вели Жарко Куциноски, директор на студентскиот дом „Никола Карев“ Охрид.

Според министерката, слична е состојбата во четири студентски домови, а едно до решенијата на проблемот е промена на методологијата на финансирање.

Покрај студентите, во домот функционира и народната кујна за околу 40 социјално загрозени лица, и тие два дена се на сува храна.

Соња Рилковска