Македонија

АХВ: Превентивно повлечени одредени серии Аптамил формули за доенчиња

10.02.2026 14:26

Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени со нотификациите и дека е извршено и нивно отповикување.

Агенцијата за храна и ветеринарство ја информира јавноста дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено  е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот Аптамил.

Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени со нотификациите и дека е извршено и нивно отповикување.

Повлекувањето се однесува на ограничен број серии кај кои постои можност за присуство на цереулид.

Производи опфатени со повлекувањето:

•             APTAMIL AR 2

Сериски број (лот)         Рок на употреба

20250924 / 111492248   24.09.2026

20251106 / 111505015   06.11.2026

•             APTAMIL PRONUTRA 2

Сериски број (лот)         Рок на употреба

20250619 / 111450979   19.06.2026

20260720 / 111470149   20.07.2026

20260922 / 111494041   22.09.2026

20261027 / 111509436   27.10.2026

20261130 / 111518857   30.11.2026

20261219 / 111526365   19.12.2026

20270121 / 111539141   21.01.2027

•             APTAMIL PRONUTRA 1

Сериски број (лот)         Рок на употреба

20260722 / 111473082   22.07.2026

20260904 / 111489543   04.09.2026

20261014 / 111504828   14.10.2026

20261126 / 111519122   26.11.2026

Од АХВ апелираат потрошувачите кои имаат купено од наведените производи со дефинираните сериски броеви и рокови на употреба, истите да не ги користат, нештетно да ги уништат, или да ги вратат на местото од каде се купени.