Македонија

МВР ја покажа запленетата марихуана

10.02.2026 16:09

МВР покажа дел од запленетите 40 тони марихуана. Тошковски тврди дека била произведувана и чувана незаконски. Истрагата продолжува. Владата со одлука, да се извршат проверки во сите фирми што имаат лиценци за производство на медицински канабис. Опозицијата поддржува истрага, но бара да се дознае како петте тони поминале преку граница.

МВР покажа дел од запленетите 40 тони цвет од канабис, кои властите ги открија и запленија во големата акција. Се наоѓаат во објект на министерството. Тошковски рече дека марихуаната била незаконски произведена и складирана, надвор од пропишаните норми. Истрагата продолжува.

Владата побара проверка на сите фирми кои работат со производство на медицинска марихуана. Од првично запленетите 40 тони, бројката може да порасне и до 100 тони, вели премиерот Мицкоски кој го посочи донесениот правилник кој дозволува производство на марихуана без задоволителни стандарди за производство на масло, и е во спротивност со законот.

И додека истрагата се води и преку одредени телефонски докази и други материјали, лидерот на СДСМ, Филипче вели-Владата прави дефокус, од прашањето како минале 5 тони во Србија.

Обвинителството постапува по предметот и не соопштува детали, освен дека се сослушуваат сведоци и дека соработуваат со српските колеги.

Миле А. Ристески