Мицкоски гледа политичка заднина на протестите, СДСМ со поддршка за ССМ
Премиерот Мицкоски смета дека протестите имаат политичка заднина. Вели, државата како најголем работодавач ја исполни обврската, на потег работниците и приватниот сектор да се договорат. За СДСМ, барањата на синдикатите се оправдани.

За власта политички, опозицијата со поддршка на синдикалните протести за повисоки плати. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче повторно го поднесе предлог-законот за минимална плата, откако претходно бил вратен од претседателот на Собранието Африм Гаши поради, како што кажа, технички недостатоци.
Премиерот Христијан Мицкоски, пак, гледа политичка заднина зад протестите. Вели дека нема да поддржат политички инструирани самонаречени водачи, оти како што кажа, Владата како најголем работодавач ги регулирала обврските, алудирајќи на постигнатиот договор за раст на платите во администрацијата.
ССМ излезе на протестна блокада за зголемување на платите.
Борис Грујоски
