Сеќавање на жртвите од терористичкиот напад на 11 септември
На денешен ден пред 13 години на светот му застана здивот. Тој вторник, во низа кооринирани напади врз Америка што ги изведоа милитанти на терористичката организација на Ал Каеда загинаа околу 3000 луѓе. Меѓу кој најмногу пожарникари и полицајци...

13 години по нападот на 11 септември врз кулите близначки, во Светскиот трговски центар забрзано се завршуваат градежните работи на новите објекти во јужниот дел на Метхетен.
„Облакодерот е висок 298 метри. Станува збор за деловен простор кој не е сличен на поранешниот трговски центра, но потсетува, бидејќи тој повторно ќе заживее“, изјави Метју Ридрс, градежен работник.
На локацијата на Гранд зиро од четирите облакодери веќе се изградени два објекта, а се планира идната година да биде отворена и подземна железница.
„Очекуваме дека на денот од 13 годишната од нападот во спомен музејот кој е посветен за овој трагичен настан да го посетат голем број американци, одавајќи им почест на жртвите, но и да се потсетат на херојството и хуманоста на американскиот народ “, рече Метју Ридрс, градежен работник.
На денешен ден пред 13 години на светот му застана здивот. Тој вторник, во низа кооринирани напади врз Америка што ги изведоа милитанти на терористичката организација на Ал Каеда загинаа околу 3000 луѓе. Меѓу кој најмногу пожарникари и полицајци.
Напаѓачите киднапираа 4 авиони и ги насочија кон кулите близначки и Пентагон, а овој трагичен настан предизвика сериозни последици врз глобалната економијаи светскиот мир.
„Спасувањето и заздравувањето на градот траеше со месеци, со недели се гаснеше пожарот, а санацијата заврши дури за една година“, изјави Дејвид Видровски.
По овој настан Бин Ладен беше најбараниот човек во светот кој што по 10 години криење беше убиен во Пакистан. Уривањето на кулите доведе до развивање на повеќе теории на завери, меѓу кој дека облакодерите биле уранати со помош на контролирани експлозии па до најекстремните тврдења дека видео снимката на ударите на авионите врз зградите била монитрана.
Како и претходните години и овој 11 септември ќе биде во знакот на сеќавањата на жртвите од терористичкиот напад на местото каде што некогаш беа зградите близначки.
Мирјана Василева
