Политика
Мицкоски на 62-та безбедносна конференција во Минхен
13.02.2026 13:58
Се очекува премиерот Мицкоски да ја реафирмира позицијата на државата за неопходноста од предвидлив и фер пат кон полноправно членство во ЕУ.

Минхенската безбедносна конференција почнува со учество на над илјада делегати, вклучувајќи 60 шефови на држави и влади. Македонска државна делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски е во Германија.
Во рамките на конференцијата, претседателот на владата ќе оствари серија билатерални средби. Се очекува премиерот Мицкоски да ја реафирмира позицијата на државата за неопходноста од предвидлив и фер пат кон полноправно членство во ЕУ.
Миле А. Ристески известува од Минхен
