Коби Брајант шест недели во аут
Иако важи за еден од најподготвените и кошаркари со извонредни физички предиспозиции, сепак 35-те години влијаат на можностите на Коби Брајант. Само што се врати на паркетот по осуммесечна пауза и одигра шест натпревари, главниот кошаркар на Лејкерс ќе мора на нов шестнеделен принуден одмор.
Во дуелот против Мемфис во којшто со 21 поен беше најдобар, Коби Брајант заработил мало оштетување на левата потколеница, но и посилно истегнување на коленото со коешто и го одиграл завршниот дел од дуелот.

„На ми е првпат, ми се случувало и порано“, изјави Брајант кој е четврти стрелец во историјата на НБА лигата, а минатиот месец потпиша нов двегодишен договор со екипата од Лос Анџелес вреден 48,5 милиони долари.