социјални мрежи

Кој да внимава на младите на социјалните мрежи?

14.02.2026 19:04

Се погласна е потребата за ограничувањата на социјалните мрежи на младите до 15 години. И младите и возрасните со свои ставови. И психолозите имаат што да кажат, а ставот го соопшти и државата.

Земјите се сè погласни во иницијативите за ограничувањето на социјалните мрежи за младите до 15 години. Какви се размислувањата кај нас? Особено ако се знае дека дури 95 проценти од младите од 13 до 17 години се активни корисници на социјалните мрежи.

Од училиштата велат дека имаат свој правилник. Телефоните молчат додека трае наставата.

Психолозите кои и работат со млади со трауми од социјалните мрежи, се за конкретни ограничување. Покрај родителите да има и регулатива.

Државата го кажа своето – секое официјално ограничување значи навлегување во приватноста. Сепак, се допушта и јавна расправа.

Не се оспорува ограничувањето на социјалните мрежи, но кој да биде регулаторот?

 

Елизабета Митреска