Во Тиквешијата одбележан „Св. Трифун“ денот на лозарите
Во пресрет на денот на лозарите „Св. Трифун“ исплатени се осум милиони евра субвенции на 12,5 илјади лозари. Виното како краен производ носи сериозен девизен прилив. Лозарите пак побараа месецов да се објави откупната цена за да знаат дали им е исплатливо да го одгледуваат, но и да се изгради дестилерија за откуп на целокупниот род на грозје од тиквешијата...

Крајниот производ на грозјето виното се извезува, тоа го полни буџетот и е сериозен девизен прилив за македонската економија. Лани за осум месеци биле пласирани 280 илјади хектолитри со 40 милиони евра приход. Затоа разбирливо е што Владата дава значење во стимулирање на лозарите за нивната работа.
На грозјето за да знаат дали е исплатливо да го одгледуваат и дека е потребна дестилерија во Тиквешијата која ќе го откупува вишокот на грозје.
Министерот за земјоделие Трипуновски одговори дека новината, субвенции да добиваат вистинските лозари со над 5 декари лозје е со цел поголема продукција на вински сорти на грозје за производство поголемо количество квалитетно македонски вино, кое ќе завршува на странските пазари.
Но и да се застане на пат на т.н. ловци на субвенции кои не обработувале земјоделска површина а сакаат субвенции. Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, најави дека општината ќе работи на изградба на дестилерија, која ќе го опфати вишокот на грозје, да се откупи целокупниот род.
Петар Печков
