Здравство

Недостиг на доктори на штипската Онкологија

14.02.2026 15:41

Децентрализација на онколошките услуги најави Министерството за здравство. Опфатени се болниците во Битола, Тетово и Штип. Одделот за онкологија во штипската Клиничка болница се соочува со кадровски и просторен дефицит и недоволно лекови, заради што најголем дел од онколошките пациенти од истокот се лекуваат на Клиниката за онкологија во Скопје.

Еден специјалист онколог и една медицинска сестра е кадарот на Одделот за онкологија во болницата во Штип, каде минатата година се извршиле околу две илјади прегледи и моментално онколошки третман добиваат 150 пациенти.

Освен кадровскиот дефицит, проблем се просторните услови. Не е стабилна ниту набавката на лекови за онколошките пациенти

Дијагностика на карциномите се спроведува целосно во болницата во Штип, има оддел за патологија и услови за хируршки третман на карцином на дојка, простата и колон.

Славица Величковска