Убиство во Челопек: 25 - годишен маж задушил жена
Кумановската полиција приведе 25 годишник, осомничен дека убил старица во нејзиниот дом во Челопек. Според Обвинителството тој ја задушил со перница, а потоа го ограбил нејзиниот дом.

Влегол во нејзиниот дом и задушил со перница, а потоа го ограбил домот. 25 годишник осомничен за убиство на 78 годишна жена во кумановско Челопек. Полицијата го пронајде и го уапси осомничениот за убиството. Се работи за жител на село Малотино, од општина Старо Нагоричане.
Обвинителството и полицијата вршат вештачење на лице место.
„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек каде беше пронајдено безживотно тело на 78-годишна жена, за која постојат сомненија дека насилно била лишена од живот. Дадени се повеќе наредби за обезбедување докази и траги од чие место кои ќе бидат предмет на вештачење“, изјави Гоце Андреев - потпарол на МВР.
25 годишникот и претходно бил познат на надлежните институции.
„Едно лице е лишено од слобода под сомненија дека е сторител на кривичното дело – убиство. Постојат сомненија дека истото лице во претходниот период било извршител и на други кривични дела во кумановско за што по наредба на јавен обвинител интензивно се преземаат дејствија за испитување на околностите и поврзаноста на настаните“, соопштија од ОЈО.
Немилиот настан се случил пред два дена. Откако ќе бидат обезбедени докази, од ОЈО велат, дека ќе поведат соодветна постапка против осомничениот.
Игор Панов
