Средба на премиерот Мицкоски во Минхен со украинскиот претседател Зеленски
Премиерот Мицкоски во Минхен се сретна и со украинскиот претседател Зеленски. Разговарале за актуелните безбедносни предизвици во Европа.

Премиерот Мицкоски во Минхен се сретна и со украинскиот претседател Зеленски. Разговарале за актуелните безбедносни предизвици во Европа, за потребата од единство и солидарност, но пред сè за праведен мир.
„Веруваме дека мирот мора да биде изграден врз правда, почитување на достоинството на народите, само таков мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа. Воедно, разговаравме и за продлабочување на соработката, економската размена и поддршката во процесите за напредок на државите. Тој е можен кога има визија, храброст и јасна определба. Македонија ќе продолжи да биде глас на разумот, партнер на стабилноста и поддржувач на праведниот мир, напиша премиерот по средбата на социјалните мрежи.
