Сообраќајот на патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози
На патниот правец Тетово – Попова Шапка воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси поради врнежи од снег.

На 15.02.2026 година во 06:50 часот на МПА2 од Кичево кон с. Колари на влез после мостот каде што претходно имаше појава од одрон од кој беа зафатени двете сообраќајни ленти од коловозот при што сообраќајот беше во прекин во двата правци. По интервенција од страна на екипа од Македонија пат исчистена е едната сообраќајна лента и сообраќајот е пуштен да се одвива наизменично со физичко регулација од страна на УПС
Од 07:45ч на патниот правец Тетово – Попова Шапка воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси поради врнежи од снег.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
