Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди
16.02.2026 08:00
Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места во западните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер.
Минималната температура ќе се движи од 1 до 5 степени, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
