ЕК не ги прифати барањата на превозниците
Брисел потврди дека тоа е конечна линија и дека транспортерите мора да се прилагодат на правилата, без посебни исклучоци за професионални возачи...

Европската комисија ги одби сите предлози на превозниците од земјите од Западен Балкан за компромис околу ограничувањето на престојот во шенген-зоната. Брисел потврди дека тоа е конечна линија и дека транспортерите мора да се прилагодат на правилата, без посебни исклучоци за професионални возачи. Против новите правила за 90 дена престој во шенген зоната, превозниците од регионов спроведоа координирани протести и блокади на товарните гранични премини.
На протестите им се приклучија и македонските превозници со блокада на премините Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце и Блато.
