Поплави

Под вода неколку региони во земјава

16.02.2026 08:16

Во координирана акција на институциите, се преземаат мерки за санирање на последиците и за заштита на населението, велат од ЦУК.

Обилните врнежи од дожд предизвикаа поплави во повеќе региони во земјава. Во Кичево беа евакуирани околу 200 лица, таму е поплавена и болницата. Под вода се куќи во гостиварските населби Циглана и Бањечница, како и селата Буковиќ и Семениште во скопската Општина Сарај.

Екипи на противпожарната заштита на Скопје и Тетово работеа на испумпување на водата од поплавените објекти, а од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ работат на стабилизација и прочистување на канализациската мрежа за спречување на дополнителни излевања.

Во координирана акција на институциите, се преземаат мерки за санирање на последиците и за заштита на населението, велат од ЦУК.

Од Управата за хидрометеоролошки работи предупредуваат дека поради врнежите во текот на вечерта и изутринава се очекува натамошно зголемување на водостојот на реката Вардар во средниот дел од течението, како и на реката Треска. Предупредуваат на внимателно движење покрај реките.