Зголемени водостои на Вардар и Треска – останува опасноста од излевање
Според последните мерења од хидролошките станици, водостојот во горниот тек на Вардар и Треска ќе остане висок, а се очекува и дополнително зголемување во средниот дел од течението на Вардар. Поради тоа и натаму постои опасност од излевање на овие две реки.

Зголемени водостои на реките Вардар и Треска се очекуваат и денеска по најавените нови врнежи од дожд од страна на Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според последните мерења од хидролошките станици, водостојот во горниот тек на Вардар и Треска ќе остане висок, а се очекува и дополнително зголемување во средниот дел од течението на Вардар. Поради тоа и натаму постои опасност од излевање на овие две реки.
Од УХМР информираат дека состојбата со другите реки во западниот дел од државата, кои во изминатите денови имаа високи водостои и локални излевања поради обилните врнежи, постепено се стабилизира и нивото на водата се намалува.
Надлежните апелираат на внимателно движење покрај реките и суводолиците, предупредувајќи дека времените мостови на Треска се во ризик поради големата количина и брзина на водата.
Во источниот дел од земјата состојбата е мирна, а посериозно зголемување на водостојот е регистрирано само во долниот дел од сливот на реката Струмица, како резултат на зголемените води од нејзините притоки.
