Програми за доживотно учење на Факултетот за музичка уметност во Скопје
Наставата се реализира со врвен универзитетски кадар и нуди висок квалитет во различни области: свирење на инструменти, соло пеење, популарни жанрови, диригирање и композиција. Секој учесник добива индивидуален пристап и работи во одлични услови кои овозможуваат целосно развивање на талентот и личен напредок.

Факултетот за музичка уметност – Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ги објави програмите за доживотно учење – единствена можност за сите заинтересирани лица над 20 години кои сакаат да го прошират своето музичко образование и да се надградат професионално.
Наставата се реализира со врвен универзитетски кадар и нуди висок квалитет во различни области: свирење на инструменти, соло пеење, популарни жанрови, диригирање и композиција. Секој учесник добива индивидуален пристап и работи во одлични услови кои овозможуваат целосно развивање на талентот и личен напредок.
На крајот од секој семестар, учесниците добиваат сертификат издаден од Факултетот за музичка уметност - Скопје, што претставува официјално признание за стекнатите знаења и вештини.
Оваа програма е вистинска инвестиција во себе – можност да се откријат нови хоризонти, да се надгради сопствената музичка култура и да се ужива во процесот на учење со најдобрите професионалци. Уписот е во тек и трае до 25-ти февруари, информираат од Факултетот за музичка уметност.
