Временска прогноза
Облачно со врнежи од дожд
17.02.2026 08:08
Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер...

Ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер.
Минималните температури ќе се движат од -1 до 7 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат меѓу 2 и 13 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец.
