Совет на јавни обвинители
Денеска мислење за кандидатите за државен јавен обвинител
17.02.2026 08:40
На денешната седница треба да даде мислење за кандидатите за нов државен јавен обвинител. Според законската постапка, советот е должен во рок од 15 дена да достави позитивно или негативно мислење за кандидатите...

Советот на јавните обвинители на денешната седница треба да даде мислење за кандидатите за нов државен јавен обвинител. Според законската постапка, советот е должен во рок од 15 дена да достави позитивно или негативно мислење за кандидатите, по што Владата доставува предлог до Собрание, но само доколку кандидат добил позитивно мислење.
Изборот на државен јавен обвинител доаѓа по оставката на Љупчо Коцевски.
