Спарси без „големата тројка“ ги совладаа воините, а Булси немоќни против Дјурент
Само две средби беа одиграни во американската кошаркарска лига, но и двете според актерите на теренот беа многу атрактивни.
Серијата победи на Оклахома, која единствена останува неприкосновена на домашен терен продолжи со триумфот над Чикаго со 107-95. До 21-от сезонски триумф домаќините одново ги предводеше Кевин Дјурент со 32 поена, девет скокови и шест асистенции што беа надополнети со 20 поени и 10 асистенции на Расел Вестбрук, сосема доволни за убедлив триумф над немоќните Булси. Со 21 победа и само 4 порази ,Оклахома и натаму го има најдобриот биланс во НБА.

Многу повозбудлив натпревар одиграа Голден Стејт и Сан Антонио, што беше решен на 2.1 секунди до крајот со поените на Тиаго Сплитер за победа на гостите со 104-102.
Победата на Спарси е уште поголема ако се знае дека тренерот Грег Поповиќ им овозможи ден одмор оставајќи ги на клупата Тим Данкан и Ману Џинобили, а во составот го немаше ниту полесно повредениот Тони Паркер. Во нивно отсуство најефикасен за победничката екипа беше Белинели со 21 поен и 10 скокови, додека Милс постигна поен помалку. Кај Вориорси кои го забележаа 13-от пораз најефикасен беше Ли со 32 поена надополнети со 13 скокови.
Резултати:
Оклахома-Чикаго 107-95
Голден Стејт –Сан Антонио 102-104