Покана за јавна седница на Програмскиот совет на МРТ
17.02.2026 15:16
Програмскиот совет на Македонска радио-телевизија ги поканува претставниците на еснафските здруженија и медиумските организации да присуствуваат на јавна седница.
Седницата ќе се одржи на 20 февруари 2026 година (петок), со почеток во 11:00 часот, во салата за состаноци на МРТ.
На дневниот ред е предвидена презентација на новиот Предлог-Статут на МРТ, со можност за дискусија и размена на мислења.
Со цел навремена и ефикасна организација, заинтересираните претставници потребно е да го потврдат своето присуство на електронската адреса: [email protected], најдоцна до 20 февруари 2026 година, до 09:00 часот.
