Невремето предизвика хаос во Сплит
Втора вечер по ред Сплит и околината се погодени од силно невреме кое за кратко време ги поплави градските улици, подрумите, приземните куќи и станови, спортски сали, дури и банки, а дел од источниот дел на градот е блокиран зашто улиците се затворени за сообраќај.
Бура пропратена со врнежи и грмотевици, ја зафати Далмација, посебно подрачјето на Шибеник и Макарска, а се проценува дека паднале повеќе од 100 литри дожд по метар квадратен.

Најмногу дожд од утрово паднало на подрачјето на Водица, каде пожарникари од куќите и институциите испумпале огромна количина вода, пренесуваат хрватските медиуми.