Скопје

Автобусите на ЈСП стари, бројот на патници намален

18.02.2026 14:20

Сè помалубројни, постари и понеисправни се автобусите на ЈСП, покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. За десет години, бројот на превезени патници е намален за 30 милиони годишно. Дневно возат по 157 автобуси, некои стари со години.

Ако пред 10 години во автобусите се возеле по 50 милиони патници годишно, сега тој број е сведен на само 22 милиона. Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажа дека ЈСП има сè помалку, постари и понеисправни автобуси, а во нив се возат сè помалку патници.

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, покажало дека бројот на превезени патници за 10 години е намален за 30 милиони годишно.

Просечната старост на автобусите изнесува 13 години, а се возат автобуси што се стари и по 30 години.

Граѓаните сметаат дека условите во јавниот превоз не ѝ доликуваат на една метропола, а неретко избираат алтернативни превозни средства како велосипеди, такси или тротинети.

80 проценти од автобусите се кинески или украински, најстари се оние од „Санос“, 33 години.

Александра Спировска