Струга
Водата во Струга забранета за пиење, се чекаат резултатите од анализите
18.02.2026 13:10
Градежниот факултет ќе прави стручна анализа на водоснабдувачкиот систем, за да се утврди што ја предизвика заматеноста од изворот кај шум.

Струга со денови е оставена без вода, забраната останува во сила. Градежниот факултет ќе прави стручна анализа на водоснабдувачкиот систем, за да се утврди што ја предизвика заматеноста од изворот кај шум. Ситуацијата е тешка, граѓаните се снаоѓаат како знаат и умеат, знаеме ли до кога ќе трае оваа ситуација или сепак, ќе мора да се чека стручната анализа?
Соња Рилковска известува
