Влада

Владата се откажа од намерата да купи нов авион

18.02.2026 14:50

Владата нема да набавува нов авион. Мицкоски информира дека досега, владиниот авион го има користено четири пати, за службени патувања во Будимпешта, Белград и Сплит. Тој ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека на летување бил со авионот...

Владата се откажува од набавката на нов владин авион, информира премиерот Христијан Мицкоски. Вели, иако со лидерот на СДСМ се договоривме да не се критикува набавката на авион, бидејќи е државна потреба и ќе го користат и следните влади, а ќе биде наменет и за хуманитарни цели, од опозициската партија не си останале на зборот.

Мицкоски информира и дека досега, владиниот авион го има користено четири пати, за службени патувања во Будимпешта, Белград и Сплит, каде на работната вечера со хрватскиот претседател Зоран Миловановиќ долетал со комерцијален лет, а по тридневниот престој, се вратил со владиниот авион. Тој ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека на летување бил со авионот.

Актуелниот „Лирџет 60“ е произведен во 2004-та година во Соединетите Американски Држави. Има седум седишта и спаѓа во категоријата бизнис авиони, со долет на средни линии. Може да лета низ Европа и до Блискиот Исток, но не и на прекуокеански летови.

Марија Котовска