Кривичен суд

Притвор за двајца осомничени за случајот со марихуаната запленета во Србија

18.02.2026 15:11

Како што велат од Обвинителството, од преземените дејствија и докази постојат основи на сомневање дека лицата се инволвирани во случајот, а барањето за притвор е со цел да се обезбеди нивно присуство, додека јавниот обвинител ги презема неопходните процесни дејствија.

Кривичниот суд определи краткотраен притвор од 48 часа за двајца осомничени за случајот со 5-те тони марихуана запленета во Србија.

Како што велат од Обвинителството, од преземените дејствија и докази постојат основи на сомневање дека лицата се инволвирани во случајот, а барањето за притвор е со цел да се обезбеди нивно присуство, додека јавниот обвинител ги презема неопходните процесни дејствија и додека се донесе одлука за натамошно постапување.

Во вакви случаи, особено кога се работи за предмети со поголема сложеност, како и предмети со меѓународен карактер, временските рокови често се ограничени, што ја оправдува примената на оваа мерка, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.