АМСМ

Забрана за камиони кон Маврово и Стража поради обилни врнежи од снег

20.02.2026 08:33

Снег, одрони и сообраќајни незгоди блокираа повеќе патишта низ земјата, АМСМ препорачува внимателно возење...

Од 06:50 ч., воведена е забрана за ТТВ на патните правци Тетово – Попова Шапка, Маврово – Дебар и Гостивар – Стража – Кичево, поради обилни врнежи од снег.

Во 07:00 часот, поради сообраќајна незгода е воведена забрана за движење на тешки товарни моторни возила на магистралниот пат А2 Кичево – Гостивар, во правец кон превојот „Стража“ и обратно.

Од 07.20 часот на патот Скопје – Велес пред првиот тунел, поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.