Известување од Агенција за супервизија на осигурување
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува кандидатите на кои им е одобрено барањето за полагање на стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето, дека Вториот дел – практичен пример од стручните испити ќе се одржи во период од 23.03.2026 година во период од 09:00 до 16:00 часот.
Стручните испити ќе се одржат во Испитниот центар кој се наоѓа на следната локација:
Зграда на Македонска Радио Телевизија, 10-ти кат, ул. Гоце Делчев бр.18, 1000 Скопје
Подетални информации во врска со одржувањето на стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето можете да добиете на web страната на Агенцијата за супервизија на осигурување www.aso.mk или на телефонскиот број 02 3254 050
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува кандидатите кои им е одобрено барањето за полагање на стручниот испит за осигурителни брокери, дека вториот дел – практичен пример од стручниот испит за осигурителни брокери ќе се одржи на 27.03.2026 година во период од 13:00 до 15:00 часот.
Стручните испити ќе се одржат во Испитниот центар кој се наоѓа на следната локација:
Зграда на Македонска Радио Телевизија, 10-ти кат, ул. Гоце Делчев бр.18, 1000 Скопје
Подетални информации во врска со одржувањето на стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето, односно осигурителен брокер можете да добиете на web страната на Агенцијата за супервизија на осигурување www.aso.mk или на телефонскиот број 02 3254 050
