Игран филм
ДОВЕРЛИВО ОД ЛОС АНЏЕЛЕС

Сабота, 20:15
Лос Анџелес во 1950-тите. Тројца сосема различни полицајци ја бараат вистината, секој на свој начин. Ед Ексли (Гај Пирс), златното момче на полицијата, е подготвен на сè за да напредува, освен на сопствената продажба. Бад Вајт (Расел Кроу) е подготвен да ги прекрши правилата заради правдата, но ретко успева да ја контролира својата насилна страна. Џек Винсен (Кевин Спејси) е секогаш во потрага по слава и лесни пари, сè додека неговата совест не го принуди да им се придружи на Ексли и Вајт во откривањето на вистинското лице на темниот свет на Лос Анџелес.
Улоги: Гај Пирс, Кевин Спејси, Расел Кроу, Ким Бесингер
Режија: Куртис Хендсон
