Засилена контрола од ОБСЕ на прекинот на огнот во Украина
Повеќе меѓународни набљудувачи и безпилотни летала ќе бидат испратени да го надгледуваат прекинит на огнот во источна Украина. Ова било соопштено вчера по разговорите меѓу украинскиот претседател Петро Порошенко и швајцарскиот претседател и актуелен претседавач на ОБСЕ Дидиер Буркхалтер.

Канцеларијата на Порошенко објави дека украинскиот лидер се согласил да им дозволи на набљудувачите на ОБСЕ да го зголемат бројот на набљудувачи и да пратат безпилотни летала за подбро да се надгледува прекинот на огнот . ОБСЕ ќе испрати 70 специјални набљудувачи во регионите околу градовите Доњецк и Луганск.